Јанчев бара промена на раководството на ВМРО-ДПМНЕ: Ова се четврти по ред изгубени избори

Од:

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, по поразот на ВМРО-ДПМНЕ на изборите вели дека е време за промена на раководството во партијата. Во изјава за бугарската агенција „БГНЕС“, Јанчев вели дека ова се трети избори по ред на кои неговата партија бележи пораз, а загубен е и референдумот.

-Апсолутно е нормално да се постави прашањето за промена на раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Дојде време за ова прашање Ова се уште едни изгубени избори, четврти по ред – тие ги загубија локалните избори, го загубија референдумот, ги загубија претседателските и сега парламентарните избори.

„Јас воопшто не разбирам зошто не го признаваат Договорот за пријателство со Бугарија, како и Договорот од Преспа. Сè на сè, ова е лоша политика и лошо раководство на ВМРО-ДПМНЕ“, додаде Јанчев.

Според него, политичката состојба е „многу очајна, како за ВМРО-ДПМНЕ, така и за победниците, за СДСМ, затоа што и двете партии добиле малку гласови“.

„Каква и да е победата, СДСМ ги освои гласовите. Нашата партија падна од 470.000 на 320-340.000. Дури и околу 300 000. Оваа бројка само по себе докажува дека нешто не е во ред. Денес на ВМРО-ДПМНЕ му треба единство, кохезија, за секој да може да работи како што треба и слободно“, подвлече Митко Јанчев.

На прашањето дали ќе се приклучи на промената на ВМРО-ДПМНЕ, Јанчев категорично одговори: „Да, ќе се придружам!“

Градоначалникот на Кавадарци побара што поскоро да се формира влада за да може државата да функционира правилно под сите околности.

 

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела