Јанчев очекува пожарот на Серта денеска да се стави под контрола

Од:

Пожарот на планината Серта се очекува денеска да се стави под контрола и да се изгаснат конечно големите стихии, истакна кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, кој заедно со градоначалникот на Неготино, Горан Стојанов, беа на терен во неготинско.

-Денеска се работи со четири булдожери, пет багери за отсечување на теренот и локализирање на пожарот кој веќе неколку дена се шири во неготинско. На терен се вклучени и полицијата и АРМ заедно со пожарникари од Неготино и Кавадарци, со седум цистерни кои го гаснат пожарот од земја, а додека ЦУК со АРМ и МВР интервенираат од воздух со три хеликоптери и два авиони, појасни Јанчев.

Стојанов нагласи дека пожарот на Серта се гасне координирано од воздух и од земја.

-Стотина припадници на АРМ, на Министерството за внатрешни работи, ТППЕ, јавни комунални претпријатија, припадници на Национални шуми, ловџии, волонтери и локално население од утринава масовно се вклучени во гаснењето на пожарот на планината Серта, а поддршка има и од соодветна механизација. Исто така, се дејствува и од воздух со два хеликоптера од воздухопловниот ВИНГ, два авиона ер трактори, сето тоа во координација и насочен ангажман во гаснењето на пожарот, додаде Стојанов.

Би можело да ве интересира

Притворен е мажот кој му се закануваше на градоначалникот на Кавадарци

Тројца обвинети за закани и загрозување на сигурноста на градоначалникот на Кавадарци, за еден предложен притвор

Предраг Петровиќ

Јанчев: По трет пат Кавадарци избра работа, чесност и резултати

Активни пожарите на планините Кожуф и Добра Вода

СДСМ: Среде пожари 400 пожарникари оставени без плата

Се уште активни пожарите кај село Винче и на Кожуф