Јанчев: На 29 октомври ќе победи народот

Од:

На 29 октомври ќе победи народот, рече денеска на прес-конференција Митко Јанчев, кандидат за градоначалник на Кавадарци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

– Првиот круг од локалните избори помина. За резултатот одлучивте вие. Имавте можност вашиот глас да го дадете за мене Митко Јанчев, човек со долгогодишна кариера. Имавте можност да гласате за мене, човек кој се откажа од плата и возило и во исто време остави буџет за општината од околу двеста илјади евра, рече Јанчев.

На 29 октомври, додаде, повторно имате можност да го дадете својот глас.

– Имате лесна одлука. Помеѓу мене и мојот против кандидат. Вие треба да знаете за големината на делата и придонесот во општеството кои се остварени од моја страна и големото ништо од мојот противкандидат кој го има направено за Кавадарци, нагласи тој.

Рече дека во вториот круг влегува како Митко Јанчев, „индивидуа која е изградена и успешно позади себе како товар единствено носи успеси и признанија”.

– Наспроти мојот противкандидат кој е без никакви достигнувања и успеси. На 29 октомври ќе победите вие граѓаните, нагласи Јанчев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ