Јанчев: Интерпелацијата на Даути е успешна

Од:

Пратеникот на Левица, Сашко Јанчев во изјава за медиумите оцени дека нивната поднесена интерпелација за досегашната претседателка на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади Илире Даути е успешна. Посочи дека ова е прва успешна интерпелација во историјата на Собранието.

Потенцира дека како пратеничка група на „Левица“ иако имаат дијаметрално спротивни гледишта и ставови по многу работи со Даути, го поздравуваат нејзиниот потег и ѝ честитаа затоа што, како што рече, со ова таа покажала интегритет.

– Самата интерпелација значеше дека се обезбедени гласови за нејзино разрешување од страна на пленумот, но ние намерно не покренавме веднаш постапка преку Комисијата за избори и именување за нејзино разрешување, туку витешки оставивме неколку дена сама да се повлече и да си даде оставка, што на крај се случи. Ова е прва ваква успешна интерпелација од ваков тип во историјата на Собранието на Република Македонија. Левица и понатаму останува на браникот на државните интереси, уставноста и законитоста, рече тој.

Одговарајќи на новинарско прашање што доколку „Европскиот фронт“ повторно ја предложи Илире Даути за претседател на Комисијата, Јанчев нагласи дека не гледа логика после давање оставка повторно таа да бара да биде на таа позиција.

– Не знам која е логиката после давање оставка, некој пак да бара да биде на таа позиција. Пленумот е тој што на крај решава дали некој ќе биде разрешен или не. Ако сака Илире да ја водиме оваа процедура целосно повторно и пак изгласување на недоверба, тогаш ок. Тоа е нејзино. Јас мислам дека таа денес покажа интегритет и дека на такво нешто нема да се нафати. Доколку продолжи по овие основи да го крши Деловникот, сигурно дека ќе поднесеме интерпелација, посочи Јанчев.

Потенцира дека уште чекаат да им биде доставен заклучокот од Гаши за изгласаната интепелација за Даути.

– Ние уште го чекаме заклучокот од интерпелацијата од претседателот на Собранието кој уште ни го нема доставено. И ќе потсетам дека откочувањето на таа Комисија е во негови раце, затоа што тој има деловничко право да свика седница по овој закон и да назначи некој само по таа точка што ќе ја истера комисијата до крај, ќе ја откочи процедурата за Законот за бранителите, нагласи пратеникот на Левица.

Јанчев потсети дека интерпелацијата за Даути била поднесоа по три основи. – Прво, затоа што поранешната претседателка на Комисијата кога беше задолжена од претседателот на Собранието не го стави Законот за бранители на дневен ред на Комисијата за социјална политика. Втората основа е тоа што спротивно на Деловникот поранешната претседателка не свика седница на Комисијата за Законот за бранители, кога тоа од неа го бараа една третина од членовите на Комисијата. Третиот основ е поради тоа што таа против деловнички не им дозволуваше на членовите на Комисијата да го надоплнат дневниот ред со Законот за бранители, објасни тој.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски да одговори како Фетаи со двојно државјанство добил пристап до државни тајни

Левица: Скандалозниот тендер на Јанушев од еден милион евра заврши кај поранешен советник на СДС во Струмица

Левица: Нов скандал на власта – Јанушев со тендер од еден милион евра ќе ги плаќа партиските митинзи

Левица: 34 години независност – Македонија се уште се бори за своите национални интереси

А1он

Левица: Учениците во „Ѓорѓија Пулевски“ учат во подруми со влага и смрдеа

А1он

Левица ги објави имињата на кандидатите за градоначалници за Кисела Вода, Ѓорче Петров и за Аеродром

Горан Наумовски