Јанакиевски: Чамците да се легализираат до 3 септември

Од:

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски денеска во работна посета на Капетанијата на пристаништата во Охрид одржа состанок на кој беа разгледани акционите планови за реализација на проекти кои се во надлежност на министерството. Тој истакна дека седум проекти кои биле дел од програмата на Владата на Република Македонија се одвивале согласно утврдената динамика која била предвидена. Јанакиески рече дека бродската линија од Охрид кон Поградец нормално се одвива и до сега биле направени осум тури со кои се превезени вкупно 630 патници.

Во рамки на посетата во Охрид, Јанакиевски ги повика сопствениците на чамци кои не се легализирани да ги легализираат до 3 септември кога истекува рокот за легализација на чамци.

Она што сакам денес да го истакнам е да ги повикам сите оние сопственици на чамци кои не се легализирани дека крајниот рок за поднесување на барање за легализација на чамци истекува на 3 септември оваа година. До сега се поднесени 137 барања од кои 95 барања се веќе прегледани и процесуирани и за нив се очекува деновиве да се издадат и решенија. Од тие 95 барања, веќе 17 чамци се легализирани. Сакам да потсетам дека секој еден сопственик на чамец кој не е легализиран треба да достави барање до судот. Тоа се овозможи со Законот за внатрешна пловидба. Барањата се многу едноставни, се доставува една изјава каде што сопственикот на чамец покажува дека е сопственик на тоа возило и одговара под морална и кривична одговорност дека е негово тоа возило, и еден формулар каде што со штиклирање треба да означи каков е тој чамец. Не повеќе од пет минути се потребни за тоа барање. Треба да уплати 480 денари судска такса, значи воопшто нема приходи за Капетанијата за поднесување за барањето и уште 480 денари кога треба да го подигне решението за легализација. Вкупниот трошок изнесува 960 денари што не се големи средства и затоа апелирам до сите оние кои немаат поднесено барање истото да го направат до Основниот суд. Очекуваме некаде околу 200 барања да бидат поднесени до 3 септември. Сакам да истакнам дека не планираме да го продолжиме рокот бидејќи се работи за многу едноставна процедура која не е скапа – истакна Јанакиевски денеска од Охрид.

Околу пешачката патека што е најавена дека ќе се гради од градското пристаниште до плажата Лабино, Јанакиевски рече дека таа била во фаза на изготвување на проектна програма.

Патеката од Градското пристаниште до плажата Лабино е дел од нашиот проект. Во фаза е изготвување на проектна програма. Тоа е дел од оние проекти што ги спомнувавме, тука е и пристаништето, делот на означување на пловните патишта, така да се водиме согласно програмата и имаме точно означени акциони планови – рече Јанакиевски.

За изградбата на марина на Охридското Езеро, Јанакиевски потенцираше дека доколку се биде според програмата таа би требало да биде готова до 2018 година.

Околу изградбата на марина, согласно програмата сега сме во фаза за изнаоѓање идејно решение, во текот на 2015 година ќе распишеме повик за изготвување на главен проект за да видиме колку пари тоа би чинело изработка на физибилити студија, во 2016 година ќе видиме дали има интерес воопшто за приватен партнер, и некаде во 2018 година треба да биде целосно завршена изградбата и реконструкцијата на пристаништето – додаде Јанакиевски.

Ф.Ј.

Би можело да ве интересира

Почина седумесечно бебе во болница во Охрид: Паднало од кревет во домот во Вевчани

Орце Костов

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

(ВИДЕО) Пожар во охридската кафеана „Беко“

Горан Наумовски

Ванковска: Сосема нов Устав, затоа што постоечкиот е неупотреблив – дели наместо да сплотува

А1он

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

Орце Костов