Јанакиески 3,5 години во затвор, условна казна за Јанкуловска за „Титаник“ реши Апелација

Од:

Апелацискиот суд Скопје ги намали казните за дел од осудените за случајот „Титаник“.

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески влегува во затвор, попладнево соопшти Апелациониот суд во Скопје, откако ги разгледало жалбите на обвинетите по пресудата која ја донесе Кривичниот суд Скопје минатата година.

Јанакиевски беше осуден првично на 4,5 години, а сега Апелација ја намали на 3,5 години казна затвор.

Според објавата на Апелациониот суд, останува условната казна за поранешниот шеф на кабинет на Никола Груевски, Мартин Протуѓер, а на условна казна се осудува и ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Случајот „Титаник 1“ се однесува на кривични дела против изборите и гласањето за парламентарните избори во 2011 и локалните избори во 2013 година.

Би можело да ве интересира

Со еден од обвинетите била колешка, а со друг се познавала од слави: Судијката Димовска побара да биде изземена од Судечкиот совет во „Титаник“

Катерина Ѓуровски

Мијалков се спаси од Титаник 2, другите обвинети добија условни казни

Катерина Ѓуровски

Судењето за „Титаник 2“ одложено за 14 јули

Застаре уште едно дело на Мијалков

Ана Ололовска

Одложена седницата на Апелација за „Титаник 2“, на Мијалков му застарува делото

Катерина Ѓуровски

Апелација за в четврток закажа јавна седница за случајот „Титаник 2“

Ана Ололовска