Јанакиески пренесен од затворот во болница поради влошена состојба

Од:

Ексминистерот Миле Јанакиески вечерва е однесен на преглед во болницата „Oсми Септември“ и вратен повторно во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, потврди неговиот адвокат, Александар Новаковски, за „А1 он“.

Јанакиески се пожалил на гадење и болки во бубрезите. Екипи од дежурниот медицински тим во болницата  го прегледале, му дале терапија и повторно го вратиле во затворот.

Поранешниот министер со денови не јаде затворска храна. Денеска тој беше спроведен на судењето за случајот „Талир“ во кривичниот суд. Тој е во притвор на барање на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, поради спорна продажба на државно земјиште.

Премиерот Зоран Заев рече дека жали што Јанакиески е во притвор, но дека не може да се меша во судски одлуки.

Би можело да ве интересира

Пендаровски: Судовите добро да ја проучат пресудата од Стразбур за Јанакиески, потребни се реформи

Александар Тодески

Кривичен ја чита пресудата за Јанакиески по свое: Смета дека имало пропусти само во жалбената постапка, не за притворите

Александар Тодески

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески

Апелација и изменетиот Кривичен законик го урнаа „Топлик“: Предметот застарува за сите обвинети

Кривичен суд: Во досудената казна затвор на Миле Јанакиески за „Титаник“ веќе е пресметан притворот и куќниот притвор

(ВИДЕО) Јанакиески во „ТНТ“: Ако ме осудите по шести пат нема ништо да се смени, освен што Фијат ќе заработи пари од буџетот

Ландов