Јанакиески останува во домашен притвор и за новогодишните празници

Од:

Апелацискиот суд ја одби жалбата на ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески со која бараше да биде ослободен од домашен притвор.

Од судот за „А1он“ велат дека притворот е продолжен поради опасноста од бегство. Апелација прифатила само на Јанакиески да му биде овозможена комуникација, за другите 11 лица опфатени во постапката обвинението е поднесено.

Еленко Миланов, кој е бранител на Јанакиески, вели дека досега нема добиено никаква одлука, а за одбиената жалба дознал од медиумите.

„Немам добиено никаква одлука. Предмалку прашував за ова, за кое разбрав од медиумите. Во секој случај, мислам дека во предметот е апсурдно да се одреди мерка притвор. Јанакиески веќе три години е опфатен во постапки и е тука“, рече Миланов за „А1он“.

Јанакиески беше приведен на 29 јуни по барање на Обвинителството за гонење на организиран криминал, заедно со уште неколку лица, поради сомнение за незаконска продажба на државно земјиште во центарот на Скопје, случај познат како „Шпански скали”.

Јанакиески, покрај за продажбата на државното земјиште, е осомничен или обвинет и во неколку предмети на СЈО, како и за организирање на настаните во Собранието на 27 април 2017 година.

Би можело да ве интересира

Апелација ја укина пресудата и го врати на повторно судење предметот против Мухамед Зеќири

Миле Јанакиески излегува од затвор

Одложено судењето за „Шпански скали“

Горан Наумовски

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

A1on

Судски совет утре ќе одлучува да за враќање на Шабани во Кривичен суд до завршување на „Талир“ и „Титаник“

А1он

Судијката Ристеска се враќа во Кривичен суд до објавување на пресудата за Ласкарци

Александар Тодески