Јанакиески: Никому насилно нема да му се одземе имот во Љубаништа

Од:

На никој насилно нема да му биде одземен имот, а сите постапки кои ќе се преземат во врска со земјиштето во Љубаништа ќе бидат исклучиво согласно законските прописи.

Ова денеска го истакна министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески во врска со изјавата на митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј дека црковното земјиште во Љубаништа не е на продажба, во контест на најавената инвестиција на „Сахар груп“.

– Согласно законот, туристичката развојна зона е од јавен интерес и кога некоја област се урбанизира за јавен интерес се води постапка за експропријација така што нема насилно на никого да му одземаме имот, туку при реализацијата на стратешките проекти како што се туристичка развојна зона, изградба на автопат, железничка пруга или гасовод, ќе ги почитуваме законските прописи во државата. Сите потстапки кои ќе се преземат ќе бидат исклучиво согласно законските прописи во Македонија, нагласи Јанакиески.

Одговарајќи на новинарско прашање по денешната прес-конференција, Јанакиески посочи дека во постапка е процесот на урбанизација на земјиштето и оти прво треба да се види дали со опфатот ќе биде зафатено и земјиште на црквата.

– Прво треба да се определи опфатот, а потоа да видиме дали тој опфат ќе има земјиште на црквата или не. Доколку има земјиште на црквата ќе ги почитуваме сите законски прописи и на никој нема да му биде одземен имот како што и досега оваа Влада нема одземено имот, без да се даде определен надомест, рече министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Би можело да ве интересира

Дислоцирани дивите кампери во Љубаништа, со булдожер расчистен теренот

А1он

Охрид: Вработен на гробишта нарачал бехатон плочки за пат до црква, ги однел во својата викендичка

Жарко Настоски

СДСМ: Од помпезно најавуван светски комплекс, денес Љубаништа е симбол на криминалот на Груевски

Ана Ололовска

ВИДЕО: Споменикот на Мајка Тереза на плоштад ќе биде украсен со милосрдни сестри, ангели и декоративни венци

Ана Ололовска

Синот на Субрата Рој, Сушанто, пред суд за неплатен долг

Ана Ололовска

Љубаништа не ја дава земјата за туристичка зона, утре нов протест

Емир Латифовиќ