(ВИДЕО) Јанакиески: Ставрески го чувствувам како дел од моето семејство

Од:

Зоран Ставрески покрај тоа што ми е колега го чувствувам како многу близок пријател како дел од моето семејство, рече министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески во одговор на прашање за коментар за вчерашните прислушувани разговори во кои неговото име беше посочено во негативна конотација.

– Односите и понатаму ни се одлични. Тој е еден од моите подобри соработници со кого дискутираме буквално за сите проекти и изнаоѓаме средства да ги реализираме, рече Јанкиески.

За таканаречените „бомби“ на Заев рече дека се работи за класично монтиран случај во соработка со странски служби.

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, пак,  кој во вчерашните снимки беше спомнат дека потпишувал само „матни зделки“ посочи дека Градот Скопје е отворен за секаков вид на ревизии.

– Има инситутции  во државата кои можат да го проверат моето работење. Како претседателна ЗЕЛС сум ги поддржувал сите општини и не би сакал да коментирам повеќе околу тоа, рече Трајановски нагласувајќи дека имал добра соработка со министерката за внатрешни работи и нагласи дека таквата соработка ќе продолжи и во иднина.

Прашан дали мирно спие по уривањето на објектот „Космос“, градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски рече дека целата постапка е водена согласно законот и додаде дека не сака да ги коментира шпекулациите.

– Целокупната постапка беше спроведена согласно законот и законските прописи и процедури, а медиумите правовремено и секојдневно беа информирани за активностите што беа преземени од наша страна, рече Трајковски и нагласи дека мирно спие.

Би можело да ве интересира

Влен: Синоќа Скопјe беше трансформирано во центар на албанското единство

Горан Наумовски

Во недела ќе биде осветен Храмот „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје

„Орце за 72 часа ќе направи генералка во Скопје, а потоа ќе следи одговорност“, вели Мицкоски

Ѓорѓиевски најави пошумување на Скопје, како и 50 мали маалски паркови

Горан Наумовски

Мицкоски: Скопје денес е загубен во дневната политика, а жртва се граѓаните

72-годишен маж од Скопје починал на улица