Јанакиески и Пешевски до Кина патувале со бизнис класа

Од:

На денешното судење за случајот „Траекторија“ од СМС пораките кои беа репродуцирани на рочиштето можеше да се види како поранешните високи владини функционери, Миле Јанакиески и Владимир Пешевски договараат патување и средба со како што ги нарекуваат „Кинезите“ со цел договор за изградба на автопатите Кичево-Охрид и Миладиновци-Штип.

Договарајќи го патувањето до Кина, од СМС пораките може да се слушне како Јанакиески му предлага на Пешевски да ги резервираат билетите за летот кој оди преку Виена бидејќи само на тој лет имало слободни места во бизнис класата.

Бранителката на дел од обвинетите за случајот „Траекторија“, Татјана Попоски имаше забелешка на тоа како обвинителката ги чита пораките, односно дека биле коментирани при читањето. Попоски исто така рече дека нема основни услови за репродуцирање на пораките бидејќи нема камера која ги снима пораките односно тоа што го чита обвинителката.

Како што најави обвинителката, за овој случај има преку 300 пораки за кои предложи да бидат ставени во записник, но да не се читаат една по една.

Адвокатот Дончо Наков исто така имаше приговор до судот, да се стави камера која би ја снимала табелата на која стојат пораките. Според него спорно е тоа што фајлот со пораките е креиран на 05.03.2017 година.

Случајот „Траекторија“, е отворен против четири службени лица – експремиерот Никола Груевски, Миле Јанакиески, Владимир Пешевски и поранешниот директор на ЈП државни патишта, Љупчо Георгиевски, за кои постои основано сомнение дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија изведувач за изградба на автопатните делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања и му нанеле штета на Буџетот на РМ во износ од најмалку 155.117.172 евра и за истиот износ на компанијата-изведувач ѝ овозможиле да се стекне со имотна корист.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Груевски, Јанакески и Пешевски нема да одговараат за „Траекторија“

Судењето за „Траекторија“ одложено до назначување на нов судија

Нови рочишта за „ТНТ“ и „Траекторија“

Ана Ололовска

На Груевски и понатаму ќе му се суди за „Траекторија“

Нови рочишта за „Ласкарци“, „Монструм“ и „Траекторија“

Ана Ололовска

Судење за „Траекторија“: Вешто лице тврди дека се направени некои грешки во вештачењето

Ана Ололовска