Јанакиески ги повика општините да достават првични анализи за штетите од поплавите

Од:

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески при посетата на Пишичка брана во општина Пробиштип повика општините кои се зафатени со поплави да формираат тимови и да ги достават првичните анализи од штетите на семејните домови, инфраструктурата, водоснабдителните системи и на земјоделските посеви.

– Координативното тело секое утро одржува состаноци и носиме предлог-мерки. Дирекцијата за заштита и спасување интервенираше во повеќе општини во Република Македонија, во координација со општините. Јас сум во постојан контакт со градоначалниците на загрозените региони и со Дирекцијата имаме веќе преземено конкретни мерки, ангажиравме градежна механизација, пумпи, вреќи за правење на насипи, рече Јанкиевски.

При посета на Пишичка брана Јанакиески рече дека водата од браната во наредните седум дена ќе се испушти, а потоа ќе се санира или ќе има целосна изградба. Во браната има околу 800.000 метри кубни вода.

Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, пак, попладнево ги посети Штип и Свети Николе и најави евакуирање на жители загрозени од поплавите.

– Алармантна е ситуацијата во Светиниколско а и во Штип. Седумнаесет ромски семејства кои беа сместени во зградата „Стара Кланица“ во близина на Брегалница ќе бидат сместени во просториите на поранешното Одделение за неврологија. Црвениот крст веќе им донираше ќебиња и храна, рече Спировски.

Би можело да ве интересира

Меѓународен ден за намалување на ризикот од катастрофи: Подготвеноста за поплави почнува дома и спасува животи

Поплави во Турција: Четири лица загинаа, три се водат како исчезнати

Тројца загинати и четворица исчезнати во поплавите во Истанбул

А1он

(ВИДЕО) Хаотични сцени во Истанбул – патишта се уриваат, поројните води носат автомобили, поплавени се болници и метрото

А1он

(ВИДЕО) Несекојдневна глетка во Романија – авион заглави под надвозник

А1он

(ВИДЕО) Силно невреме ја погоди Италија – загинаа две жени

А1он