Јанакиески: Една година сум во притвор, не може да бидам вработен

Од:

На повторниот нов почеток на судењето за предметот при „Насилство во Општина Центар“, судијата Душан Јосифов им го утврдуваше идентитетот на обвинетите.

На прашање на судијата за личен документ за обвинетиот Миле Јанакиески, тој рече дека сите документи му се во судот.

„Не може да бидам вработен, година дена сум во притвор. Пасошот ми е во судот“, рече Јанакиески пред судот.

Обвинетиот Александар Трајковски рече дека за разлика од 2016 година кога било поднесено обвинението, сега е невработен. Тој додека беше вработен во царина, го посети Никола Груевски во Унгарија и за тоа беше поведена дисциплинска постапка.

Друг обвинет рече дека во меѓувреме се оженил и добил дете, а имаше и такви кај кои има промени на податоците во личната карта. Денешното судење поради протек на 90 дена од претходното рочиште почна од почеток со произјаснување за вина. Сите обвинети рекоа дека не се чувствуваат виновни. Предметот е во судот од 2016 година.

Обвинети во овој случај се експремиерот и бегалец, Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова, и уште осум лица.

Вина за настаните пред општина Центар во јуни 2013 година, признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни, а за Димче Крстев и Митко Пецев се водеше раздвоена постапка.

Обвинетите во предметот се товарат за дека го поттикнале насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.

Би можело да ве интересира

И Врховен суд му ја потврди затворската казна на Груевски за „Насилство во Центар“

Ана Ололовска

Апелација ја потврди затворската казна за Груевски за „Насилство во Центар“

Миланов не е задоволен од пресудата за Јанакиески, најави жалба

Ана Ололовска

ВИДЕО: Фетаи ќе бара затворски казни за сите обвинети во „Шамарите”

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Затворска казна за Груевски, а условна за Јанакиески и извршителите за „Насилство во Центар“

Кристијан Ландов

Јанакиески бара ослободителна за „Шамарите“: Груевски замина, Рангелова ослободена и остана Миле да биде виновен