Јамтин: Сакаме да ја видиме Македонија како важен играч во регионот

Од:

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, и генералната директорка на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (СИДА), Керин Јамтин, денеска ќе ги потпишат договорот за развојна соработка и договорот за општите услови на развојната соработка помеѓу Република Македонија и Шведска. Пред официјалната церемонија тие имаа кратки обраќања, при што Османи го искажа задоволството од можноста за билатерална соработка со Шведска.

„Односите меѓу Македонија и Шведска се враќаат со билатерална соработка. Досега имавме можност да бидеме дел од меѓународната соработка, меѓутоа билатералната соработка има двојно значење. Политичката порака е дека Владата работи за враќање на Македонија на патот кон ЕУ. Финансиската помош од 9 милиони евра за наредните 3-4 години е значителна за реформите. Посебно значајно е тоа што овие средства се наменети за европската интеграција, владеењето на правото итн. Ова е оправудвање за нас политичарите, а охрабрување за граѓаните“, истакна вицепремиерот.

Директорка на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (СИДА), Керин Јамтин, истакна дека Шведска сака да ја види Македонија како важен играч во регионот.

„Шведска ја поздравува обновената одлука на Македонија да учествува во процесот на интеграција во ЕУ. Од 1999 до 2012 година Шведска беше билатерален донатор за европска интеграција за Македонија. Во 2012 година престана билетералната соработка, Македонија продолжи да добива поддршка, а Шведска беше застапена во Македонија преку нејзината амбасада. Ние сакаме да ја видиме Македонија како важен играч во регионот. Нашиот прироитет е да помогнеме за развој на економијата во земјата преку размена на услуги, зајакната демократија, владеење на правото и подобрување на животната средина. Почитувањето на човековите права и антикурупцијата се важни елементи во овој процес на соработка“, рече Јамтин.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Пукање во Шведска: Тешко ранет е тинејџер

Пукање во Малме, најмалку едно лице загина

Двајца Британци убиени, па запалени во Шведска

Горан Наумовски

Аларм во Стокхолм: Поради можна бомба евакуирана е Централната железничка станица