Јакимовски: Заев му се јавуваше на Груевски за локалните избори

Од:

– Заев не можеше да стане Стевче ниту случајно. Вие добро го знаете тоа, но немате доблест да го признаете – изјави лидерот на ГРОМ Стевче Јакимовски во соопштение испратено до медиумите како реакција на изјавата на Шеќеринска, дека Заев можел да стане како Стевче.

Прочитајте повеќе – Шекеринска: Заев можеше да стане Стевче, но не стана

-Не госпоѓо Шеќеринска, Заев не можеше да биде Стевче, ни случајно. Вие добро го знаете тоа, но немате доблест да го признаете. Или свесно сте заборавиле или и натаму им слугувате на дворските игри што го влечат СДСМ удолу. На 16 февруари 2013 година, примив две пораки. Едната од Бранко Црвенковски, другата од Зоран Заев. За Шеќеринска е многу поинтересна онаа што ми ја напиша Заев и која уште можам да и ја покажам. А таа гласи вака: „Се гордеам што имам таков другар во партија“. Епа сега нека се договорат, ќе се гордеат со мене или ќе се срамат? Патем, јас кај Груевски не се јавував по телефони. Одлучив и отидов на избори. Нека го праша Шеќеринска Заев колку пати се јави кај Груевски да го пролонгира рокот за пријавување на локалните избори. И Заев ќе го направеше истото што и јас, но исто како и Зоран Дамјановски, мислеше дека без СДСМ ќе ги загуби изборите. Јас не се плашев. Бев решен и излегова на локални избори. Ете затоа Заев не може да биде како Стевче! Тука е во право Шеќеринска – вели Јакимовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски

СДСМ: Додека луѓе умираат од западнонилска треска – во Драчево организираат кино на отворено

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му