Јакимовски: Советниците на ГРОМ ќе продолжат да ги поддржуваат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, секаде во Македонија

Од:

Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски му порача на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека советниците од неговата партија во сите општини ќе продолжат да ги поддржуваат и ќе гласаат за ветените проекти и програми на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, за разлика од советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош, кои упорно ја опструираат работата на општината.

Јакимовски го прашува Мицкоски дали чувствува одговорност, за опструкцијата што ја прави во општините во кои што тој нема градоначалник, вклучувајќи го и градоначалникот на Скопје, кој што очигледно веќе не го чувствува за свој?

– Сакам да му порачам на мојот колега Муцунски од општина Аеродром, дека нема потреба и натаму да прави обиди,за купување на советник од ГРОМ, под изговор за наводна грижа за негово работно ангажирање. И ова е порака, не само до него, туку до сите градоначалници, не само од ВМРО-ДПМНЕ, туку од било која партија. Таму каде што советникот на ГРОМ е одлучувачки, никаде советниците на ГРОМ немаат добиено наредба да ги опструираат градоначалниците и нивните одлуки. Ќе продолжиме така, немате потреба од никакво купување, напротив, секаде ќе бидете поддржувани, се со цел да ги исполните ветувањата, кои што ги дадовте на граѓаните во општините во кои што ја добивте власта. Сакам јасно да ви кажам, дека вака работам јас и Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ. Ние секаде ќе ве поддржуваме, за разлика од вас кои што не опструирате во општина Карпош и 2025-та година, граѓаните ќе можат да направат разлика, меѓу вас, кои сте поддржувани и мене кој што во континуитет ме опструирате.

– Во исто време, сакам да му порачам на господинот Христијан Мицкоски, кој што вели, за бетонизација на Карпош, не може во мене да најде квалитетен соговорник, јас искрен да бидам, тој не е квалитетен соговорник за многу работи. Но, се прашувам, како тој е квалитетен соговорник, за градоначалникот на Ѓорче Петров, господинот Александар, и таму се договараат, да се изгласа цела населба, со 50 нови станбени згради, од кои и 17-катници. И да му повторам, и советникот од ГРОМ исто така гласаше, со цел да не врши опструкција на градоначалникот на Ѓорче Петров, и ние ќе продолжиме така. Но, во исто време сакам да му порачам на господинот Христијан Мицкоски, дека будно ќе пратиме каде се и во кои општини ќе се носат урбанистички планови, за наводна бетонизација на општините, и сето тоа ќе го претставуваме пред граѓаните, со цел да се види неговата лицемерна и лажна политика, зад која што практично се крие, само опструкција и ништо повеќе во општина Карпош. И сакам само да го запрашам, чувствува ли одговорност за тоа што се случува, воопшто во Скопје? Чувствува ли одговорност, за неговите неодговорни политики? И чувствува ли одговорност, за опструкцијата што ја прави во општините во кои што тој нема градоначалник, вклучувајќи го и градоначалникот на Скопје, кој што очигледно веќе не го чувствува за свој. И очигледно дека, ова е негов начин и модел на функционирање, опструкција во општините, опструкција во столицата на Р.Македонија, опструкција во Собранието на Р.Македонија.

– Но, во секој случај, уверен сум дека, граѓаните јасно ќе препознаат, кој е конструктивен и кој нуди решенија за нивните проблеми, а кој само кенка, како дете пред исфрлање на сипаници, и се му смета, и е против се, а демек кога ќе дојде на власт, тој ќе ги решел сите проблеми. За жал, она како ги демонстрира, како ја води локалната самоуправа и градот Скопје, е вистински пример, за тоа каков хаос ќе направи ако, не дај Боже еден ден, го превземе водството во Р.Македонија, вели градоначалникот Јакимовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров

Општина Карпош: Донесовме инвестиција од 50 милиони евра и ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

(ВИДЕО) „Преку Стевчо ни е, лудилото мора да сопре“: Протест против изградбата на 17-катница кај Воена болница

Орце Костов

Левица: Почнува изградбата на спорната 17-катница во непосредна близина на болницата „8 септември“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Јакимовски: Со изгласан буџет, Општина Карпош ќе продолжи непречено да функционира