Јакимовски: СДСМ нема двоен морал, СДСМ нема морал!

Од:

„Вие во СДСМ, за се имате право да зборите, само за морал-најмалку, е реакцијата на градонацалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, на последното од серијата дисквалификации на СДСМ упатени кон него.

Дали СДСМ може да зборува за двоен морал, кога во 1999 година уште што не извадивте пиштоли и да се испотепате со Љупчо Георгиевски, за претседателските избори, кога имаше жртви и повредени, за да, од неодамна направите коалиција со него! За кого тогаш се тепавте?За Тито Петковски, тој истиот што ве симна од власт 2006 година, Ви зеде 6 пратеници и направи коалиција со Никола Груевски. Дури и денес Ви е во коалиција и благодарение на вашата слабост и низок политички капацитет што го имате, секои избори си го частите со по 5, 4 или 3 пратенички мандати.

ЛДП Ви велеше дека Вие (СДСМ) и ВМРО-ДПМНЕ сте „змија или магаре“ и народот од тоа треба да одбере! Не знам што од овој избор сте вие, но факт е дека ЛДП Ви се во коалиција и дека на мртва партија и подаривте 1 градоначалничко и 3 пратенички места. Сега и Роза Топузовска си замина,а Вие само си плачете и си шепотите, оти ЛДП е се уште Ваш партнер.

Можете ли да кажете колку пати ЛП влегуваше и излегуваше од коалиција со Вас?

Со Мендух Тачи си упатувавте смртни закани, се тепавте, за да потоа си праќате „љубовни пораки“, и на крајот, повторно се направите „перенде“!

Вие во СДСМ немате двоен морал, вие немате морал! Зарем е мал  аргументот што Миле Зечевиќ го ликвидиравте од партијата, како што велевте, поради проневерени партиски пари, а денес ви е организационен секретар?!

Пратениците кои на 24 декември беа подготвени да погинат во Собранието на РМ и излегоа претепани, денес ги направивте политички мртовци.

Бранко Црвенковски кој Ви беше партиска икона и без кого видовте колку вредите, денес не го каните ниту на конвенции ни на конгреси.

Е тоа е Вашиот морал во СДСМ, па оттаму, за сé можете да говорите, ама за морал не!“, се вели во реакцијата на Стевче Јакимовски на соопштението на СДСМ.

 

Би можело да ве интересира

Гром удри жена на плажа во Хрватска – носеше чадор за сонце

А1он

СДСМ: „Печатна грешка“ со коњ со пет нозе – Орце и ВМРО-ОКГ ја покажаа својата неспособност

СДСМ: Граѓаните чекаат на граница, функционерите на ВМРО-ДПМНЕ минуваат по привилегирана лента

(ВИДЕО) Извештајот на ЕК е аларм за состојбите во правосудството, вели Наумоски

Опозицијата реагира: Мицкоски ја условува финансиската поддршка за судството

Горан Наумовски

СДСМ: Дали Муцунски во Вашингтон кажа дека владата на ВМРО ја спроведува руската и кинеската агенда?

Горан Наумовски