Јакимовски: Нема да молчам никому и подготвен сум и глава да дадам за достоинството на Македонија

Од:

Нема да молчам никому и подготвен сум и глава да дадам за достоинството на Македонија, нагласи денеска од Карпош претседателскиот кандидат на коалицијата „Храбро за Македонија“, Стевчо Јакимовски.

– Почитувани пријатели, видовте како ме потценија, викаа нема да собере потписи, абе газам ли јас на трула даска?

Па потоа измеќарот над измеќарите излезе да каже дека јас сум бил измеќар затоа што сум бил опозиција на опозиција, а тогаш кажав има уште еден трет за кој ништо не кажа па сега видовте дека се во окалиција. Јас ги читам како на рентген, па ги пратија нивните пријатели да ме стават на црна листа, истакна Јакимовски.

– Тие напаѓаат ама јас кога ги размавав со аргументи, која е напата визија за Макеоднија, што треба да правиме, од каде да почнеме, а тие поим немаат, биле претседатели како да не биле, не знаат што зборат, госпоѓата Доналд Реган и господинот кој бил 5 години претседател се уплашија и не смееја да дојдат на дебати.

Народот гледа кој најмногу знае и кој е најмногу спремен да биде претседател на Република Македонија. Се обидовте да бегате од дебати, земавте милиони да се рекламирате како Цеца и Здравко Чолиќ ама рејтингот ви паѓа, а јас добивам поени и утре како попчиња ќе се нацртаат на децата на МРТ.

Јас јасно кажувам што треба да правиме во Република Македонија. Мора да тргнеме од здравството, да не нѐ лазат бубашваби, да се зголеми придонесот, темелот на општеството на образованието е разрушен, ни треба сериозна реформа, ако имаме образовани деца ќе имаме посилно општество, ќе имаме подобри доктори, инженери, политичари.

Необразован човек најлесно се манипулира, нагласи Јакимовски.

– Каде може да седиш дома плата да земаш, каде министерства наместо по 10 луѓе бројат по 400? Како луѓе да нема место каде по канцеларии да седат, а да нема полицајци, да нема истражители и обвинители, да нема чувари во затвор, немало негователки и воспитувачи… Знаете ли еднаш да кажете доста е треба да застанеме.

Затоа ни треба претседател на Република Македонија, да застане храбро да каже не им се додворувајте на Американците, да давале милијарди за Енка Бехтел, па ќе зборувате за криминали!

Овој народ знае кого бира, јас сум дете на работник, татко водоводџија, мајка домаќинка, мене никој не ме поткерпил, ме крепела само работата и резултатите. Нема дена да не сум работел 10 до 12 саати, нагласи Стевчо Јакимовски кој додаде дека тие на кои му пречат неговите резултати денеска се оние кои напаѓаат и се радуваат на „црната листа“.

Јас сум направил училишта, улици, паркови, вие што направивте со милијарди? Јас сум виртуоз, вие сте неспособни. 10 години правиле автопат 50 километри, како не ви е срам пак да барате власт? – праша Јакимовски.

15 години правите клинички центар, срам ве било не можете да се договорите за проценти, 10 години не можете да го направите клиничкиот центар во Штип? Што правите од оваа држава?

Се критикувате за криминал ама се појават ли пари одма знаете како да си поделите милиони, како што си поделивте сега за избори милиони.

Тоа дете што ви е поспособно му давате помалку, тие што се неспособни повеќе, затоа Стевчо знае да работи. Јас точно знам кој ни е стратешки партнер, но ние сме единствената земја во Европа која нѐ тртираат како марсовци и за нас бараат посебни услови за ЕУ.

Ние сме единствени на кои им бараат да сменат име, знаме, идентитетски прашања, не ни принзаваат историски личности, а постојано не лажат. Само уште Бугарите во Устав и ќе тече мед и млеко, ама не кажуваат дека претпоследното поглавје е јазикот и 28 држави треба да се изјаснат дали македонскиот јазик ќе се применува во европскиот парламент, нагласи Јакимовски.

ЈАС ВЕЛАМ НЕ! Или ќе нѐ примите достоинствено, или ќе застанеме кадешто сме дошле, не не лажете со тие приказни дека многу ни тревате, ама и ние вас ви требаме! Вие сакате овој регион политички да го затворите.

Ај да ја смениме малку политиката па да видиме дали ќе биде така. Овие наши политичари немаат ни храброст колку Албин Курти, војска од надвор, пари од надвор, што сака им прифаќа, што не, а овие на се викаат ДА.

Какви се тие претседатели и премиери кога народот вика НЕ, тие да викаат ДА?!

Епа ќе им дадеме ли верба на тие што ќе водат политика спортивна на сечии интереси во оваа држава? – праша Јакимовски кој нагласи дека Македонија мора да си го гледа својот интерес.

– Јас имам 64 години, сѐ сум видел, ништо во животот не ми треба, јас жиевам за историја, со црната листа јас сум веќе во историја, а кодошите се на историската страна на кодошламата.

За првпат имате кандидат за претседател кој е спремен глава да даде за образ и за достоинството на Македонија!

И немој да кажете дека сте немале избор и дека сме мали. Не е тоа точно!

Толку си голем колку што имаш годрост, можеш да си и Русија и Америка ама ако имаш срце лешник сѐ ти е џабе. Не е сѐ о јадењето и во стомакот, има нешто што нас нѐ прави да бидеме посреќни и под

Би можело да ве интересира

Јакимовски: ЗЕЛС е обичен партиски комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Ѓорѓиевски се надева дека градоначалниците на Струмица и на Карпош ќе се вразумат

Јакимовски најави дека ќе го напушти ЗЕЛС „ако продолжи теророт од власта“

Катерина Ѓуровски

Градоначалникот на Струмица најави дека општината го напушта ЗЕЛС

Катерина Ѓуровски

Јакимовски јавно и се извини на министерката за образование Јаневска затоа што вчера ја нарече „северџанка“

Горан Наумовски

Јакимовски ја обвини владата дека со помош на разни финти им обезбедува пари на албанските општини за да финансираат таканаречена „албанска академија на науки“