Јакимовски на средба со граѓани во Тетово

Од:

Кандидатот за претседател на коалицијата Храбро за Македонија, Стевчо Јакимовски денеска од Тетово со средба со граѓани ја почна кампањата за изборите.

Во изјава за медиуми по завршување на средбата, Јакимовски посочи дека го слушнал проблемите на граѓаните и нивното незадоволство од досегашната ситуација во државата.

„Со граѓаните на Тетово разговаравме за нивните секојдневни проблеми, секако најголемиот проблем претставува тоа што нивните деца бегаат надвор од Република Македонија и бараат подобар живот и заеднички констатиравме дека се е тоа резултат на лошо средена Република Македонија. Не е тоа толку до сиромаштијата колку до лошиот правен систем тоа е уште една причина зошто на највисоко ниво како кандидати треба да разговараме. Јас сум запрепастен како е можно кандидатите за претседател да немаат ниту една дебата. Имаме претседателски кандидати кои предлагаат промена на Устав, имаме претседателски кандидати кои предлагаат бришење на Македонците и правење граѓански устав, значи се обидуваат да направат тектонско пореметување на уставниот и полиитчкиот живот на Република Македонија“ порача Јакимовски.

Кандидатот на коалицијата „Храбро за Македонија“ посочи дека некои од кандидатите бегаат од дебати затоа што очигледно сакаат да скријат нешо од јавноста па затоа не сакаат дебати на кои сето тоа може да се открие.

„Мислат дека со тоа што земале по 975 илјади евра со тоа добиле некоја предност, јас ќе им кажам дека парите се најмалку битни. Не милион евра, милијарди да истурат, народот точно гледа кој знае, кој разбира и кој искрено се бори за граѓаните на Македонија а кој се обидува да ги излаже“ порача Јакимовски.

Би можело да ве интересира

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Марковска Илиевска: Стевчо вети катни гаражи, ама не направи ниту една, сега пак ги ветува истите

Јакимовски најави нови четири занимални во детската градинка „Пролет“ во Влае

Јакимовски: Кој профитира од тендерите за лекови за Онкологија и кој го пушти „кафанџијата“ да биде кандидат за Карпош

Марковска Илиевска: Стевчо Јакимовски во 2021 вети катна гаража на Орце Николов, четири години потоа само дупки и ѓубре

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Јакимовски е срам за функцијата што ја извршува, Карпош не смее да биде заложник на човек што е симбол на корупција

А1он