Јакимовски: ГРОМ се залага за политички дијалог

Од:

Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ),  како баланс на  политичката сцена, се залага за политичка стабилизација и политички дијалог, рече лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски  на денешната средба со кумановци.

Според Јакимовски, учеството на ГРОМ на претстојните избори е за „стабилизација на Македонија и за подобрување на политичкиот дијалог, а не да се зголемат конфротациите“.

Јакимовски оцени дека за државата  е голем недостаток политичкиот дијалог, за кој, како што рече, добиваме критики од ЕУ и од САД. Тоа, според Јакимовски, пречка за евроинтеграцискиот процес на државата, и треба да се надмине .

 – Треба да влијаеме на мирот, соживотот, за заедништвотото, интегрирањето и да се обединиме сите околу намалување на невработеноста и подобрување на стандардот на граѓаните, наведе лидерот на ГРОМ.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?