Јакимовски: ГРОМ ги оценува овие избори како фер и демократски

Од:

Претседателот на Граѓанска опција за Македонија и лидер на коалицијата ГРОМ, Стевчо Јакимовски, вечерва, 27 април 2014 година, во централниот изборен штаб на партијата одржа конференција за печат за резултатите од предвремените парламентарни избори.

– Досега се обработени 70 проценти од гласачките ливчиња и, според податоците, ГРОМ и понатаму се бори за пратеник во изборната единица 1, 2 и во изборната единица 4. Значи, останува да видиме дали ГРОМ ќе стане парламентарна партија. Во секој случај, јас сакам уште еднаш да ѝ честитам на ВМРО-ДПМНЕ на победата. ГРОМ ги оценува овие избори како фер и демократски и од ниту еден изборен штаб на Граѓанската опција за Македонија денеска не е утврдена каква било неправилност во текот на изборите и надвор од гласачките места – изјави лидерот на ГРОМ на конференцијата за медиуми.

На новинарско прашање уште колку гласови ѝ се потребни на ГРОМ за да освои пратеничко место во новиот парламентарен состав, Јакимовски одговори дека се потребни меѓу 500 и 700 гласови, но дека се очекува финализирање на процесот на пребројување на гласовите на сите избирачки места.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?