Јакимовски: Чесниот Заев да одговори дали ми бараше 250 илјади евра

Од:

Претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски смета дека Зоран Заев, претседателот на СДСМ не може да го обвинува дека се продал за пари, кога тој, како што вели бил снимен како бара пари, а и, како што вели и од него барал 250 илјади евра.

Побара Заев да му одговори дали барал од него 250 илјади евра. – Ми даде ливче или не? Кога ќе го покажам ливчето сите графолози на светот нема да те спасат, рече претседателот на ГРОМ одговарајќи на синоќешните обвинувања од Заев.

Јакимовски од Заев побара да одговори и зошто во Струмица има само 34, а во Карпош 319 проекти.

Му порача дека кога следен пат ќе сака да одржи митинг во Карпош, тој, како што рече, лично ќе му обезбеди да говори пред карпошани, а не како вчера пред триста Скопјани, кои најмалку биле карпошани.

Би можело да ве интересира

Јакимовски: Наместо со идеи, визија и програма, власта на терен излезе со вреќи брашно

А1он

Јакимовски: Субвенција за секој граѓанин кој ќе набави возило на електричен погон

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Јакимовски: Карпош е прва општина со фотоволтаици во сите училишта

А1он

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев