Јакимовски: Актерот Вељановски се направи експерт дури и за канализации

Од:

За жал во Советот на општина Карпош има советници, сезнајковци, кои неуспехот во својата кариера се обидуваат да го компензираат со фрустрации во Советот на општина Карпош. Таков е советникот од ВМРО-ДПМНЕ Роберт Вељановски, актер по занимање кој четири години не глуми, а зема плата од државата. Енормното слободно време го компензира со мудрување во општина Карпош. Недоволниот професионален ангажман го надоместува со обидите да се направи експерт дури и за канализации, кажувајќи небулози дека главниот проблем за проектот „Алумина“ била канализацијата со димензии Ф-400. Истиот нема поим дека „Алумина“ се наоѓа во непосредна близина на колекторскиот систем кој е со димензии Ф-700, се вели во писмената реакција на градоначалникот на Карпош, Стевче Јакимовски.

– Тој кажува дека не верувал никому а посебно на градоначалникот Јакимовски. За градоначалникот Јакимовски е најважно што ја ужива довербата во граѓаните, а овој советник и неговата дружина се познати по тоа што не веруваат никому. Тие не веруваат на Данела Арсова, не му веруваат на Жозеп Борел, на Јенс Столтенберг, на Џејмс О’Брајeн, на амбасадорката Анџела Агелер, на претставникот на ЕУ, Дејвид Гир, но му веруваат само во Мицкоски.

Вербата во овој деструктивен елемент создава впечаток како да овие луѓе се урочени од некоја бајачка, па не веруваат во ниту еден проект во ниту една градба во општина Карпош, и наместо во црква, се крстат и се поклонуваат само во барокното здание што се вика Бела Палата. Нивната верба е лажниот барок, како што е лажен нивниот патриотизам, како што се лажни нивната борба против криминалот и нивните политики, а белото здание е вистински пример дека се лажни заштитници од бетонизацијата и борци за зелени површини, беспрекорни фолиранти за наводна грижа за граѓаните. На сите ни е јасно дека нивна единствена грижа е како да се докопаат до власт, не бирајќи притоа средства и методи злоупотребувајќи и болни луѓе, злоупотребувајќи и смрт на деца, само да покажат дека тие се вистинските. За среќа, сите ние го гледаме нивното вистинско лице, а тоа е осумкатното бело здание наречено Бела Палата – вели Јакимовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Митева: Стевче Јакимовски да им објасни на граѓаните како е возможно, за една календарска година, со неговото семејство да станат сопственици на две градежни парцели во најелитниот дел на Карпош

Јакимовски: Наместо со идеи, визија и програма, власта на терен излезе со вреќи брашно

А1он

Јакимовски: Субвенција за секој граѓанин кој ќе набави возило на електричен погон

Јакимовски: Карпош е прва општина со фотоволтаици во сите училишта

А1он

Јакимовски: Министерот за спорт не се откажува од својата каубојска намера да ја одзема салата „Наум Наумовски Борче“

А1он

ГРОМ: Нотарските изјави од пратениците, Мицкоски веројатно ќе употреби како тоалетна хартија