ГРОМ: Нотарските изјави од пратениците, Мицкоски веројатно ќе употреби како тоалетна хартија

Од:

Причината за напуштање на коалицијата со Христијан Мицкоски е неговата неодговорност дволичност, лажење и превртливост.
Неговите главни маани излегоа на виделина токму со бугарскиот договор и потребата за промена на Уставот за влез на Бугарите во највисокиот законодавен акт велат од ГРОМ на Стевче Јакимовски.

– Нели Мицкоски земаше нотарски изјави од пратениците дека нема да гласаат за влез на Бугарите во Уставот? Веројатно овие изјави ќе ги употреби наместо тоалет хартија. Се колнеше ако пратениците гласаат за оваа измена тој ќе си даде оставка. Еве зошто минатата година не гласаше против бугарскиот договор туку само го напушти парламентот за да може сега да гласа. Врв на неговото фолирантство беа минатогодишните фингирани протести. Дали сега се уверија граѓаните дека тоа беше фарса и дека само глумеше шетање по скопските улици малтретирајќи го своето членство и мамејќи ги граѓаните на Македонија за наводна грижа за Македонците оценувајќи го бугарскиот договор како неприфатлив? Уште поцинично е неговото гласање на договорот со Бехтел и Енка. Затоа ниту еднаш не рече дека договорот е проблематичен, туку плаќањето пенали. Згора на тоа тврди дека тие кога ќе дошле на власт ќе изграделе уште 100 километри автопат со истата компанија. Тоа значи зад грб на народот гласа и го поддржува договорот а јавно продава демагогии со некакви си пенали. Токму од овие причини и ваквите залутани луѓе, граѓаните политиката ја споредуваат со најстариот занает се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Јакимовски призна пораз: Со среќа нека ви биде изборот, честитки до Сиљановска-Давкова

Орце Костов

Андоновска: Ќе се залагам пензијата во едно семејство да не биде помала од 25 илјади денари

Гром ќе се залага за изградба на пет старечки домови ширум државата и 10 геријатриски центри

Д-р. Добрила Андоновска: Бујар Османи ја искористува позицијата министер за собирање на предизборни поени

(ВИДЕО) „Не продаваме ништо ниту пред избори ниту по избори“: ГРОМ, ИНТЕГРА и ПЦЕР ја промовираа коалицијата

Орце Костов

Трагедија во гевгелиско Негорци – тинејџер загина од удар на гром

Анита Петровска Рајковиќ