Јакимовска: Рашковски упорно молчи за непотизмот што го шири низ државните институции

Од:

„Генералниот секретар на расипничката влада, Драги Рашковски веќе неколку дена не излегува пред јавноста, упорно молчи за непотизмот што го шири низ државните институции.

Драги Рашковски изгледа нема намера да одговори на прашањата кои ги поставува македонската јавност. Но нема ни намера да си поднесе оставка како Генерален секретар на Владата на Република Македонија.

Непотизмот од неговото работење не може да се прикрие ниту заташка, со повлекувањето на неговата баба, Елена Начевска, мајка на неговата сопруга Вероника Начевска од позицијата Претседател на Комисијата за жалби.

Во исто време се повлече и неговиот кум, Дејан Костиќ кој Рашковски го ангажираше за адвокат на Генералниот Секретаријат на владата и покрај тоа што владата има правна служба.

Овие лица треба да ги вратат народните пари кои ги испумпаа по основ на плати и хонорари од буџетот на Република Македонија.

Како и дојде време кога Рашковски треба да покаже барем тронка морал и да си поднесе неотповиклива оставка од функцијата како владин претставник во Македонски Телеком, кој самиот незаконски се назначи и самиот си го потпиша решение.

Рашковски брутално без срам го крши законот и затоа око не му трепнува. Согласно член 18 од Законот за спречување на судир на интереси, Драги Рашковски не може да биде член на управен или надзорен орган во трговско друштво, јавни претпријатија, агенции, фондови, но и сите други организациони облици со доминантен државен капитал, што значи дека Законот за спречување судир на интереси не дозволува Генералниот секретар на владата, Драги Рашковски да биде назначен и за владин претставник во Собранието на акционери на Телеком.

Оваа влада стана синоним на корумпираност и криминогеност. Но затоа на 15-ти октомври граѓаните ќе ја казнат оваа влада. Социјалдемократскиот сојуз убедливо ќе биде поразен“, изјави Светлана Јакимовска.

Би можело да ве интересира

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски

Ревизорите алармираат: Владата плаќа скапи возила на лизинг без вистинска конкуренција

Владата ги испраќа кандидатите за јавен обвинител до Советот на јавни обвинители

Влада: Средбата со УПОЗ е закажана за четврток, не знаеме кого чекал Трендафилов