Јагнула Куновска ја промовира својата програма за претстојните локални избори

Од:

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во општина Карпош Јагнула Куновска вечерва рече дека има домаќинска визија за развој на оваа локална самоуправа.

– Ветувам дека ќе бидам градоначалник кој ќе знае да ги препознае потребите на граѓаните и да понуди решение, потенцира Куновска, промовирајќи ја својата Програма за претстојните локални избори.

Таа информира дека нејзината програма содржи над 60 капитални проекти за побрз економски развој и сеопшт подем на општина Карпош. Оваа програма, нагласи таа, е резултат на подолгата и континуирана соработка со граѓаните.

– Ова е програма која е од граѓаните на Карпош, за граѓаните на Карпош. Опфатени се сите сфери. Изградба на нов и голем православен храм во централното место на Карпош, изградба на нов објект за Драмскиот театар, две станбени единици за млади брачни парови, кои ќе се продаваат под поволни услови, реновирање на болници, поликлиники… се само дел од проектите, рече Куновска.

Таа образложи дека на Карпош му е потребен економски развој и нови работни места и затоа ќе се насочат кон изградба на економска зона кај Бардовци, за поттикнување на економскиот развој и привлекување на странски и домашни инвестиции во општината. Предвидено е економската зона да се изгради на потегот околу пругата кај село Бардовци со што, како што рече, ќе се искористат поволностите од постојаната железничка инфраструктура.

Куновска посочи дека планирана е реконструкција на студентскиот дом „Гоце Делчев“, изградба на нова градинка, изградба на пензионерски домови, локален пазар на крстосницата во Злокуќани кон Бардовци. Ќе се вложува во инфраструктурата, изградба на патишта, водоводна и канализациска мрежа, решавање на сообраќајниот хаос.

– Нашата цел е облагородување на просторот со нови паркови, шеталишта, спортски терени, забавни паркови за најмладите. Да создаваме заедно повеќе простор каде нашите деца и внуци безгрижно ќе растат и ќе се развиваат, ќе напредуваат и ќе остваруваат успеси во својот живот, истакна Куновска.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме