Пред почетокот на денешното рочиште на судењето за насилството пред Општина Центар, ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, го праша посетителот на Никола Груевски, Александар Трајковски кој беше во Унгарија, дали јадел гулаш пред останатите обвинети кои чекаа да почне рочиштето во чекалницата.
„Јадеше гулаш?“ го праша Јанакиески, Трајковски му одговори: „Јадев, зашто да не јадам. Има дана за мегдана“, по што останатите присутните се изнасмеаја.
На денешното рочиште за овој предмет, треба да бидат изведени материјални докази на Обвинителството, меѓу кои, и две аудиоснимки на СЈО.
Првото рочиште за предметот „Насилство“ започна на 16 декември 2016 година, но динамиката на судење досега се одвива бавно.
Васко Маглешов