Цела година „рисовите“ се без пораз – падна и Казахстан, волејот на Трајковски пресуден

Од:

Македонската фудбалска репрезентација дојде до многу важна победа над Казахстан во Астана од 0:1, во квалификацискиот меч за пласман на СП 2026.

Александар Трајковски со прекрасен гол со волеј во 33 минута од мечот ги донесе трите бода.

Во вториот дел од мечот Казахстанците сериозно се закануваа кон голот на Столе Димитриевски, во три наврати ја погодија рамката од гол, но среќата беше на страна на „рисовите“.

Сега Македонија е на првото место во групата со осум бодови, а вечерва ќе се чека исходот од мечот Белгија и Велс. Велшаните моментно се втори со 7 бодови и меч помалку од Македонија.

Интересен е податокот дека Македонија има десет меча во серија без пораз.

Поточно, седум победи и три ремија.

Серијата трае од 10.06.2024. Тогаш последен пат загубивме меч, од Чешка со 2-1.

Би можело да ве интересира

Муслиу: Треба да покажеме многу повеќе, но и за навредите кон нас треба да има граници

Барди: Ова е наш дом, ветувам дека ќе оставиме срце на терен

Гоце Седлоски го очекува во македонскиот табор, ФСС го убедува да игра за Србија

А1он

Авионот со македонските репрезентативци поради технички проблеми се врати во Истанбул

Катерина Ѓуровски

Турција и одржа фудбалска лекција на Македонија

А1он

Македонската фудбалска репрезентација гостува кај Турција