Гоце Седлоски повеќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Македонија

Од:

Фудбалската федерација на Македонија потврди дека Гоце Седлоски повеќе нема да биде селектор на репрезентацијата. Од таму велат дека договорот е спогодбено раскинат.

„Понекогаш во фудбалот, без оглед на искуството, посветеноста и добрите намери, работите едноставно не се одвиваат онака како што сите посакуваат. Сметаме дека во овој момент е најдобро разделбата да биде во интерес на репрезентацијата, но и на Гоце Седлоски, без дополнителен притисок и негативни коментари кои не треба да бидат товар за човек кој оставил длабока трага во македонскиот фудбал.

Гоце не е само селектор кој ја предводеше репрезентацијата во еден период. Тој е еден од најтрофејните македонски тренери, легендарен капитен и човек кој со години е дел од историјата и развојот на нашиот фудбал.

Можеби моментот во кој ја презеде репрезентацијата не беше идеален. Можеби високите очекувања, наспроти реалноста, околностите и резултатите не се поклопија со она што сите го посакувавме. Но, тоа не ја менува неговата заслуга, ниту придонесот што го има дадено за македонскиот фудбал.

ФФМ му се заблагодарува на Гоце Седлоски за досегашната работа, посветеноста и професионалниот однос. Веруваме дека неговото искуство, знаење и љубов кон македонскиот фудбал и во иднина ќе бидат ставени во служба на нашиот фудбал, клупски или репрезентативен.

Резултатите се дел од фудбалот. Почитта кон луѓето кои го задолжиле треба да остане и по последниот натпревар“ – соопштија од ФФМ.

Би можело да ве интересира

Македонија тргнува по прв триумф во Лигата на нации

А1он

Муслиу: Треба да покажеме многу повеќе, но и за навредите кон нас треба да има граници

Барди: Ова е наш дом, ветувам дека ќе оставиме срце на терен

Гоце Седлоски го очекува во македонскиот табор, ФСС го убедува да игра за Србија

А1он

Авионот со македонските репрезентативци поради технички проблеми се врати во Истанбул

Катерина Ѓуровски

Турција и одржа фудбалска лекција на Македонија

А1он