„Ја искара и и се закани на опозицијата, ама кога кога добивме шамар од Брисел се криеше како илегалец во сопствената земја“

Од:

„Четвртото обраќање на Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов има три заеднички елементи со претходните обраќања: датумот, денот и бледата содржина, само различна е годината.

– Жалиме што и во денешното обраќање не успеа да излезе од партиските стеги и барем еднаш да ја испочитува својата уставна позиција, како прв човек на државата.

– Наместо да демонстрира авторитет и одличност, се однесуваше како портпарол на Владата со премиерски амбиции.

– Ја искара и и се закани на опозицијата, ама кога Република Македонија беше преплавена со албански знамиња и кога добивме шамар од Брисел се криеше како илегалец во сопствената земја.

– Претседателот Иванов многу малку говореше за неговите уставни надлежности, за одбраната и надворешната политика. Остана во сенка на Владата.

– Република Македонија на меѓународен план останува изолирана земја без јасна визија за одблокирање на евро-атланските интеграции, раскарани со сите комшии, а дома со осиромашени граѓани поделени по етничка основа“, изјави Горан Мисовски, Координатор на ПГ на НСДП.

Би можело да ве интересира

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана