Извршени контроли на 148 возила кои вршат јавен превоз на ученици, констатирани 70 прекршоци

Од:

Вчера, во периодот од 06.00 до 10.00 часот, во рамки на утврдените приоритети за подобрување на јавната безбедност, особено помеѓу учениците во училиштата и во јавниот превоз, како и почитување и доследно спроведување на законите, на целата територија на државата беше спроведена акциска контрола на 135 локации, во која учествуваа сите сектори за внатрешни работи, информира МВР.

Притоа биле исконтролирани 148 возила кои вршат јавен превоз на деца кон училиштата, при што биле констатирани 70 прекршоци кои произлегуваат од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, Законот за возила, Законот за заштита на населението од заразни болести и слично, соопшти МВР

За време на контролата на подрачјата на сите сектори за внатрешни работи биле легитимирани 236 полнолетни средношколци, а извршени се 1.234 прегледи кај ученици, во однос на почитување на Законот за оружјето, Законот за правда на детето и Кривичниот законик. По документирање на случаите, против сите одговорни лица кои сториле било каков прекршок или кривично дело ќе биде поднесена соодветна прекршочен или кривичен поднесок, се додава во соопштението на МВР.

Би можело да ве интересира

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он