Извршена e трансплантација на коскен дефект од шест сантиметри на бутна коска

Од:

Кај 69-годишен пациент, извршена е трансплантација на коскен дефект од шест сантиметри на левата бутна коска поради претходна инфекција и псеудоартроза. Пациентот е со уреден постоперативен тек, информираат денеска од Министерството за здравство.

– Трансплантацијата ја извршија д-р Антонио Гавриловски со асистентите д-р Бојан Будик, д-р Теодора Божиновска и д-р Ангел Тасевски, анестезиолог д-р Лилјана Ангелевска, специјализант по анестезија д-р Ерхан Салкоски, инструментарка Татјана Дукадиновска, помошник инструментарка Биљана Троановиќ, сестра-анестетичар, Мерита Рамадами, болничар Дардан Сељмани и радиолошки техничар, Крешник Шеху, наведуваат од Министерството за здравство.

Во писмената изјава на националниот координатор за трансплантација, проф. д-р Билјана Кузмановска, таа изразува благодарност и почит до сите здравствени работници вклучени во процесите на трансплантација.

– Дарувањето органи е највисока форма на човекољубие и хуманост во моменти на лична и семејна загуба. Самиот чин на дарување, да се спасат неколку други животи или да се подобри квалитетот на живот, кога семејството е во голема болка од загубата, секогаш ме остава без здив од нивната хуманост и величина, додава Кузмановска.

Би можело да ве интересира

Министерствo за здравство за починатото двегодишно дете: Деструкцијата на мозочното ткиво не дозволуваше хируршко лекување

Горан Наумовски

Град Скопје ќе гради катна гаража во Клинички

Катерина Ѓуровски

На Oртопедија кај две деца изведени трансплантации на коска од починат донор

А1он

Турски државјанин почина на скопските Клиники, полицијата истражува кој е човекот кој го донел странецот во болница

Горан Наумовски

Унгарец почина на скопските клиники

На Клиниката за ортопедија во Скопје извршена е најсложената трансплантација на коска

А1он