А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Изворот на жолтицата во Штип е личната и колективна нехигиена

by А1он04/09/2014 - 16:13133
Share0

Епидемиологот Жарко Караџоски од Институтот за јавно здравје од Скопје вели дека е намален бројот на заболени лица од жолтица во Штип и оти во изминатите четири дена евидентирани се само четири нови случаи. Според него, причината за заразата од Хепатитот А е личната хигиена.

Добивај вести на вибер

Епидемиолозите кои денеска се по вторпат во Штип потенцираат дека водата од Градскиот водовод е квалитетна и технички исправна. Најголем процент, односно над 60 од заболените се на возраст од 0 до 29 години.

– Се на се ова недвосмислено укажува дека Хепатит А се пренесува преку контактен пат, на лицата кои што се во оваа возрасна група заради неодржувањето на личната и колективната хигиена во нивната непосредна околина, вели Караџоски.

Тој додава дека жариштата се лоцирани во населбите Каваклија Балканска, Косовска, Васил Доганџиски, Пиринска и Благоја Мучето.

Вкупниот број на заболени од жолтица во Штип за месец август и септември изнесува 56 лица. И понатаму ќе продолжат превентивните мерки во сите училишта и градинки во Штип, бидејќи периодот на инкубација на жолтицата е долг.

Екипата од Институтот за јавно здравје денеска зеде повторно мости од водата од две основни, едно средно училиште и од една локална чешма со цел да ги споредат резултатите од претходната недела за исправноста на водата.

stip

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:17

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Горан Наумовски04/03/2026 - 11:18

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

Горан Наумовски04/03/2026 - 10:38

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он26/02/2026 - 16:2226/02/2026 - 16:15

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Катерина Ѓуровски09/02/2026 - 14:23

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена

Горан Наумовски05/02/2026 - 13:33
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен