Изводи од матичната евиденција ќе се доставуваат до домашната адреса на граѓаните, предвидува новиот проект што ќе го промовираат денеска Управата за водење на матичните книги и Македонска пошта ад Скопје.
Деталите за проектот ќе ги соопштат директорите на Управата за водење на матичните книги и на Македонска пошта Скопје, Ѓоко Котевски и Фаадис Реџепи.