Извештајот за судиите кои го ослободија Мијалков се изготвува, Судски совет ќе се потруди сам да дознава кога предмети се чуваат по фиоки

Од:

Членовите на Судски совет ја посетиле апелациската петорка од судии кои го ослободија Сашо Мијалков укинувајќи ја пресудата за „Таргет-тврдина“. Извештајот се изготвува, а претседателката на Судски совет, Весна Дамева, смета дека тој ќе биде готов утре или по Нова година. Пред медиумите, Дамева посочи дека ќе се потрудат во во иднина Судскиот совет да не дознава од медиумите за случаите кои се држат во фиока, туку тоа ќе биде нивна обврска.

„Се изврши посета во Апелација-Скопје. Колегите го изготвуваат извештајот, ќе биде доставен час поскоро. Веќе во утрешниот ден или по нова година. Тој извештај ќе го разгледува целиот Судски совет и врз основа на таа констатирана состојба, понатаму, ако треба, ќе се преземаат дејствија“, кажа Дамева.

Таа за предметите кои се држат во фиока и се одлучуваат со години во Апелација, кажа дека ќе е самокритична, оти Советот сам не го детектирал тоа.

„Судски совет во секој момент требало да знае за состојбата со предметите. Тука ќе бидам самокритична. Не било детектирано се навремено. Меѓутоа и не може се да знае. Благодарам на јавноста што укажува на вакви сензитивни случаи и Судскиот совет веднаш реагира. Ќе преземеме повеќе чекори за да не добиваме сознанија од вас медиумите, за да може да реагираме, туку тоа да биде обврска на Судскиот совет“, додаде Дамева.

Би можело да ве интересира

Камбовски за случајот со казнетата новинарка Вејсели: Постапка е сè уште во тек, Судскиот совет ќе интервенира ако процени дека е потребно

Судски совет разгледува предмети во кои постапувал апелацискиот судија Ѓоко Ристов

Има пропусти во пресудата за Ремзи Мифтари во случајот „Дурмо турс“, тврди Судскиот совет

А1он

Одземен му е имунитетот на апелацискиот судија Ѓоко Ристов, Судски Совет ја одобри мерката куќен притвор

А1он

Судскиот совет одлучува за одземање на имунитетот на судијата Ѓоко Ристов

А1он

Новоизбраните членки на Судскиот совет дадоа свечена изјава