Извештајот за СЈО ќе се разгледува в среда

Од:

Седницата за Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се одложи поради координацијата на политичките партии, по барање на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. На денешната седница не беа присутни претставниците од државните комисии за да ги образложат извештаите за нивното работење во текот на 2017 година, а притоа за нивното отсуство не го известиле ниту Собранието.

Иако беше најавен за денеска, сепак, извештајот на СЈО ќе биде презентиран в среда од страна на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

На денешната седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците претседателот Александар Кирацовски и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ највеќе се спореа околу тоа дали на расправата треба да бидат присутни и претставници на државните комисии, кои, според досегашното искуство, треба да ги бранат извештаите за сработеното.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Собранието ќе ги констатира оставките на Бислимовски и на Ристовска и ќе избере нов уставен судија

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието