Извештајот за разрешување на Јанева пред пратениците

Од:

Во собраниска процедура од денеска се очекува да влезе извештајот на Советот на јавни обвинители за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Новозибраниот претседател на Советот Ацо Колевски потврди дека уште во четвртокот до законодавниот дом бил испратен извештајот дека се исполнети условите за почнување постапка за разрешување на Јанева, која е во притвор како осомничена за случајот „Рекет“.

Според собраниската процедура, претседателот на собраниската Комисијата за избори и именувања, Илија Димовски, треба да закаже седница на која ќе се одлучува за разрешувањето на Јанева.

Тој во петокот изјави дека штом го добие извештајот ќе пристапи итно во насока на забрзување на постапката.

Се уште не се знае дали за него комисијата ќе расправа зад затворени врати или на јавна седница. Можноста за разгледување зад затворени врати, како што посочуваат од законодавниот дом, е поради сензитивноста на судските истраги кои се уште се во тек.

Евентуалната одлука на Собранието за разрешување на Јанева, согласно процедурата, повторно треба да се најде пред Советот на јавни обвинители.

Би можело да ве интересира

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик