Теренот на кој ќе биде поставена ковид модуларната болница во Гевгелија е подготвен. Кон крајот на неделава се очекува да почне изведбата на болницата. Целосно е завршено бетонирањето, а поставена е и инфраструктурата, довод, одвод до канализациска мрежа, подземен кабел за струја, соопшти Министерството за здравство.
Ковид центарот во Гевгелија, како што се посочува, ќе биде со површина од 400 квадратни метри со посебен влез за персоналот.
Посебен влез ќе има и за прием, евиденција, преглед, тестирање, можност за рендген, ЕХО преглед на пациенти и одредување терапија. Во последниот сегмент ќе има соба за изолација и стационар за хоспитален третман до максимум 15 пациенти, стои во соопштението.