Поради нерасчистени должнички сметки околу мобилен телефон, В.А. од с.Арачиново извадил пиштол од непозната марка и калибар и испукал еден до два куршуми кон Л.Е., кој започнал да бега, известува МВР.
Според истрагата, изминатиот вторник В.А. му се јавил на Л.Е. за да го извести дека парите нема да му ги врати, по што настанала вербална расправа, а на крај В.А. договорил средба за физички да се пресметаат. Откако Л.Е. избегал се јавил на пријател кој пријавил во полиција.
В.А. е обвинет за „предизвикување општа опасност“, како и „тешка кражба“, „насилство“, „недозволоено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. Истражниот судија му одреди притвор од 15 дена.
Јасна Атанасова