Изречени 65 казни за непрописно престигнување

Од:

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека денеска во периодот од 7 до 10 часот била спроведена зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Македонија, при што санкционирани се 65 возачи.

„Од нив, 22 на територијата на СВР Тетово, 11 на територија на СВР Охрид, 10 возачи непрописно престигнувале на територијата на СВР Струмица.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он

Aкција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци