Изречени 224 санкции, од кои 60 за возење со брзина поголема од дозволената

Од:

Во рамки на засилените акциски контроли во сообраќајот полицијата вчера изрече 224 казни, од кои за возење со брзина поголема од дозволената 60 санкции, 40 за прекршоци што ги чинат пешаците, 14 за возење без возачка дозвола и 12 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.

Како што соопшти денеска МВР, изречени се седум санкции за користење мобилен телефон, девет за возење под дејство на алкохол, пет за недавање првенство на минување на пешаци, четири за минување на затворен сигнал (црвено светло), 45 санкции за непрописно паркирање.

Од МВР најавуваат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и натаму и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава