Изречени 198 прекршоци во Скопје, 43 за брзо возење

Од:

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден во рамки на засилени акциски контроли во областа на сообраќајот се изречени вкупно 198 мерки, меѓу кои 43 за возење повеќе од дозволената брзина, четири за возење без возачка дозвола, 11 прекршоци што ги чинат возачите за мотоцикли.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи изречени се шест санкции за користење мобилен телефон, 64 прекршоци што ги чинат пешаците, 41 санкција за непрописно паркирање.

Од МВР информираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да се почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел зголемувањ на безбедноста во сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози