Изречени 197 санкции на територијата на Скопје, 53 за брзо возење

Од:

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи продолжи со засилени акциски контроли во областа на сообраќајот, при што на територијата на град Скопје изречени се вкупно 197 мерки.

-Од вкупниот број санкции, 53 се за возење повеќе од дозволената брзина, 23 санкции се за возење без возачка дозвола, изречени се 14 санкции за возење под дејство на алкохол и шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, информира МВР.

За користење мобилен телефон изречени се девет мерки, седум за возач почетник, девет санкции за минување на затворен сигнал и 32 за непрописно паркирање.

Министерството информира дека сообраќајните контроли продолжуваат и во текот на наредните денови и апелира до граѓаните да се почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел побезбеден сообраќај.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава