На територијата на Република Северна Македонија, во период од 23:00 до 05:00 часот спроведена е засилена акциска контрола за возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол, при што изречени се 157 санкции, информира Министерството за внатрешни работи.
Од МВР додаваат дека на територија на СВР Скопје санкционирани се 52 возачи, на територија на СВР Битола 23, на територија на СВР Штип санкционирани се 14 возачи.
Министерството апелира до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел побезбеден сообраќај.