Изречени 154 казни за брзо возење на патните правци Скопје-Куманово и Арачиново-Куманово

Од:

Полицикси службеници во текот на вчерашниот ден спроведоа зајакната акциска контрола на автопатот Скопје-Куманово и магистралниот пат Арачиново-Куманово за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 154 возачи.

Од нив, како пто информира МВР, 104 се движеле со брзина над дозволената надвор од населено место, а 50 возила се движеле со брзина поголема од дозволената во населено место.

– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, се додава во соопштението на МВР.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ