Изнајдовме решение за спречување на дискриминацијата на женските осуденички, која ја констатира КСЗД, изјави Аврамовска Мадиќ

Од:

Заменик-министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ денеска најави дека е изнајдено закононско решение во однос на забелешките на Комисијата за спречување и заштита од диксриминација за условите во кои казната затвор ја издржуваат лицата од женски пол.

Аврамовска Мадиќ изјави дека изминатиот период таа и министерот за правда Кренар Лога ја разгледале можноста за решавање на проблемот, во однос на претходниот правилник за регулирање на условите во КПУ Идризово, со кој била сторена неправда кон лицата од женски пол.

-По доставувањето на мислењето од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, каде ни се укажа дека има индиректна дискриминација врз осудените лица од женскиот пол, кои издржуваат казна затвор во КПУ Идризово – женско одделение, наспроти осудените лица од машкиот пол кои издржуваат казна затвор во истиот во овој период со министерот изнајдовме решение. Законското решение е изнајдено и во најскоро време, наредната недела, министерот, откако текстот ќе биде подготвен од страна на секретаријатот за законодавство, ќе го потпише правилникот и во согласност со него осудените лица од женскиот пол ќе можат да ги користат погодностите коишто ги користат осудени лица од машкиот пол. Значи сите, доколку осуденото лице од женскиот пол кое е осудено на казна затвор до три години или издржало казна затвор три години, ќе можат да ги користат погодностите согласно правилникот и куќниот ред на КПУ Идризово, изјави заменик-министерката за правда.

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација кон крајот на март донесе општа препорака со која препорачува Управата за извршување на санкции да подготви Акциски план со активности и извори на буџетирање за адаптирање, реконструкција или конструкција на установи од полуотворен и отворен вид за жени осуденички.

Оваа потреба, според КСЗД, е нужно предизвикана од фактот што жените осудени на казна затвор од целата територија на државата се упатуваат на издржување на казната затвор во КПУ Идризово, како единствена казнено-поправна установа во државата каде постои посебно одделение за жени.

Земајќи ја предвид важечката регулатива, односно фактот што жените својата казна затвор можат да ја издржуваат единствено во КПУ Идризово, установа која е од затворен вид, се доаѓа до заклучокот дека женските осудени лица се ставени во понеповолна положба во однос на машките осудени лица, велат од Комисијата.

Потребни се законски измени за пронаоѓање долгорочно решение за сместување и ресоцијализација на малолетнички кои дошле во судир со законот и на кои им е одредена мерка „упатување во Воспитно

Мерките и дејствијата предвидени со оваа општа препорака, како што наведуваат, треба да обезбедат жените, упатени на издржување затворска казна, да можат, на еднаква основа како и мажите, да прогресираат во казнено-поправните установи со издржан дел од казната затвор, согласно член 220 од Законот за извршување на санкции и соодветните одредби од Правилникот за времето што треба да го помине и условите што треба да ги исполни осуденото лице во установа од определен вид или во соодветно одделение на установа од општ вид.

– Имено, моментално Правилникот, иако претставува неутрален пропис, воопшто не се применува на жените кои издржуваат казна затвор од причина што во земјата не постојат установи од полуотворен и отворен вид наменети за жени осуденички каде тие би можеле да бидат упатени на издржување на казната затвор, или во кои подоцна би можеле да прогресираат, како што постојат за мажите, велат оттаму.

Комисијата напомена дека кога станува збор за прогресирање во друга, полиберална установа, истото е оневозможено за жените, од причина што друга установа за издржување казна затвор за жени во државата не постои.

Би можело да ве интересира

Данска ќе испраќа затвореници во Косово

Горан Наумовски

Јонузи: Вработени во затворот „Идризово“ завршија на Токсикологија по пожарот во женското одделение

Орце Костов

ЈОРСМ: Дадена наредба за обдукција на починатиот притвореник од Затвор Куманово

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Притвор за осомничен за спречување на полициски службеници да фатат побегнат затвореник

Избегал од затвор и крадел низ Крива Паланка