Изминатите два дена 317 граѓани се јавиле на Ало Докторе!

Од:

Во изминатите два дена на телефонската линија Ало докторе! имало вкупно 317 јавувања од граѓани од сите градови на Македонија.

Како што соопшти денеска Здравствениот дом од Скопје, на телефонската линија 15 123, седумнаесет доктори специјалисти се достапни за граѓаните 24 часа за соодветна здравствена услуга преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија.

На сите граѓани поради здравствената состојба за која ја побарале линијата Ало докторе! од страна на дежурните служби им е даден медицински совет, а доколку било потребно и симптоматска терапија. На три лица за здравствената состојба поради која се јавиле им е укажано да ја побараат службата за итна медицинска помош.

Во најголем број јавувањата од страна на граѓаните биле за здравствени проблеми во врска со стомачни тегоби, висока телесна температура, и покачен крвен притисок пропратен со главоболки.

Во кол центарот на Ало Докторе! секој ден од 18 до 22 часот дежураат директорите на јавните здравенени установи. Денеска дежурен лекар е директорот на Клиниката за ортопедски болести Златко Темелковски. Утре дежурен лекар ќе биде Ненад Јоксимовиќ од Клиниката за гастроентерохепатологија.

Би можело да ве интересира

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски