Измените на Законот за ветеринарни лекови поминаа на владина седница

Од:

Владата на вчерашната седница ги донесе измените и дополнувањата на Законот за ветеринарно медицински препарати чија цел е заштита на здравјето и интересите на потрошувачите, подигнување на степенот на здравствена заштита и благосостојба на животните, како и обезбедување соодветна деловна клима за бизнис операторите.

Како што соопшти Министерството за земјоделство, со измените и дополнувањата се обезбедува детално уредување на ставање во промет, издавање и употреба на ветеринарно-медицински препарати со детално дефинирање кои и во какви услови може да се користат, кој може да ги користи и кај кои видови животни.

Се зголемуваат и обврските на професионалните лица што ги ставаат во промет и користат ветеринарните лекови.

– Измените и дополнувањата овозможуваат и засилени контроли во областа на потенцијално фалсификувани ветеринарно медицински препарати со систем на собирање податоци, пријавување за сомнение и информирање на надлежните институции и ветеринарните друштва и нивното нештетно уништување, наведува Министерството.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

МЗШВ: Системот за авионско засејување на градоносни облаци е добар проект со кој 80% ги заштитуваме земјоделските површини

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Заев и Хоџа: Со акцијата за пошумување ги обновуваме зелените површини за здрава животна средина

Ана Ололовска

Од утре делумна забрана за движење во шумите

Ана Ололовска

Вкупно 600.000 евра поддршка од МЗШВ за четири факултети – ќе се опремуваат лаборатории и ќе се реализираат научно-истражувачки проекти

Ана Ололовска