Измените на Законот за попис поддржани во Комисијата за европски прашања, утре се пред Законодавно-правната комисија

Од:

Во Собранието доцна попладнево заврши комисиската расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година, по скратена постапка.

Претседателот на Комисијата за европски прашања Арбер Адеми од ДУИ за МИА изјави дека доцна попладнево заврши седницата со единствена точка на дневниот ред – одложување на пописот, што би се одржал од 5 до 30 септември. До 15 часот биле доставени повеќе од 100 амандмани од Алијанса за Албанците и Алтернатива.

-Сто и еден амандман беа доставени до 15 часот, имаше и други по 15 часот, а сите од формален аспект не беа уредни. Како претседател на Комисијата за европски прашања добив писмо, известување од претседателот на Собранието Талат Џафери дека дел од амандманите не се уредно доставени бидејќи биле запишани имињата на пратениците од опозицијата, а во најмногу од нив, потпишани само од двајца или од еден пратеник, а треба од сите наведени имињата на партениците. Поради овие причини претседателот така одлучи, добив известување и сме обврзани да го почитуваме, изјави Адеми.

Адеми информираше дека имало и три амандмани уредно доставени од Левица, но, како што рече, не беа поддржани од членовите на Комисијата. Додаде дека без ниту еден глас „за“, сите биле против или воздржани за амандманите на Левица.

-Ние завршивме во Комисијата за европски прашања и доставивме Извештај до претседателот на Собранието Талат Џафери и би требало утре да расправа Законодавно-правната комисија за пописот, рече Адеми.

На веб-страницата на Собранието, оваа седница е закажана за утре во 10 часот за Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година, по скратена постапка.

Според него, постои можност утре да се одржи пленарна седница за одложување на пописот.

Би можело да ве интересира

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Катерина Ѓуровски

Предлог одлуката за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година

Се гонат само поранешни функционери, големите остануваат над законот, порачаа родителите на Комисијата за „Пулс“

Дополнетиот Предлог-буџет на пленарна седница

Собранието осветлено во портокалово во поддршка на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“