Измените на Законот за Државниот земјоделски инспекторат го помина првото читање пред матичната собраниска комисија

Од:

Наместо на царинските терминали, квалитетот на земјоделските производи, нивните преработки, семето, садниот материјал, ѓубрињата и производите за заштита на растенија (фитофармацевтски средства) ќе се контролира на местото на истовар. Ова е предвидено со измените и дополнувањата на Законот за Државниот инспекторат за земјоделство кои денеска го поминаа првото читање на собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Со измените, како што образложи државниот секретар од ресорното Министерство Бесир Јашари, се предвидува и издавање уверение за квалитет врз основа на извршена контрола и прегледи на пратките од увоз, извоз, производство, откуп, промет на земјоделски производи, семе и саден материјал, цвеќе и декоративни растенија, производи за заштита на растенија, вино и производи од вино и грозје, јаки алкохолни пијалоци, енолошки средства, ѓубриња, тутун и тутунски производи, органски производи, гмо, храна за животни, приплоден добиток, сперма од добиток, јајце клетки, ембриони како и фитосанитарна контрола на пратки од растенија, растителни производи и други објекти и предмети и производи за заштита на растенијата како и утврдување за исполнување на условите за издавање фитосанитарен сертификат и пасош за растенијата.

Се уредува и решавањето на барањата поднесени од правни и физички лица за утврдување на исполнување на условите за откуп на земјоделски производи и тутун, за производство и промет на семе, производи за заштита на растенијата, ѓубриња, винарски визби, како и за регистрација на рибници, пунктови, пломбирање на мрежи,…

Покрај овие контроли се уредува фитосанитарна контрола на пратки од растенија, растителни производи и други објекти и предмети и производи за заштита на растенијата и утврдување на исполнување услови за издавање пасош за движење на растенијата што се врши во внатрешноста на државата.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза